Регион

„Краш“ и формално ја припои „Каролина“

22 јул 2021

„Краш“ склучи договор за спојување со „Каролина“ од Осиек, по што „Каролина“ наскоро ќе престане да постои. 

Со оглед на тоа дека „Краш“ во „Каролина“ држи повеќе од девет десетини од основниот капитал, во берзанаското образложение се истакнува дека за спојувањето не е потребно одобрување од главното Собрание на „Краш“, освен ако тоа не го бараат акционерите чии удели заедно досегаат најмалку дваесетина од основниот капитал. 

Според годишниот извештај, „Краш“ и „Каролина“ заедно држат 99,68 отсто од капиталот. Компанијата од Осиек има повеќе од 340 вработени. Минатата година оствари 145,5 милиони куни приходи или околу 12 милиони куни повеќе од годината претходно. Групацијата „Краш“, пак, лани оствари повеќе од милијарда куни приход, што значи дека „Каролина“ им носи околу 15 отсто од приходите. 

 

 
 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...