Регион

„Франк“ инвестира во производствен погон во Бјеловар

05 мај 2021

„Франк“, една од најголемите хрватски компании за храна, се подготвува да го прошири својот бизнис во Бјеловар.

Може да потврдиме дека сме заинтересирани за понатамошни инвестиции во областа Бјеловар и дека разгледуваме неколку сценарија, вклучително и подобрување на производствените капацитети преку фондовите на ЕУ, соопштено е од Управата на „Франк“, на чие чело е Иван Артуковиќ.

„Франк“ е присутен во Бјеловар долги години преку соработка со земјоделците во одгледувањето цикорија и преку погон за примарна преработка на оваа култура, каде што во текот на сезоната во просек се обработуваат од 700 до 800 тони сурова цикорија.

Од „Франк“ забележуваат дека во моментов не можат да излезат во јавноста со повеќе детали во врска со стратешкиот проект во Бјеловар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...