Регион

Лансиран проектот pitajte.rs за помош во онлајн-бизнисите

04 мај 2021

Проектот pitajte.rs е лансиран со цел да им помогне на компаниите и претприемачите да донесат полесни и подобри одлуки за нивниот онлајн-бизнис.

Фондацијата „Регистар на национален интернет-домен на Србија“ (РНИДС), со помош на креативниот стратег Лазар Џамиќ, во наредните месеци ќе понуди одговори на прашањата што најчесто ги мачат бизнисите на почетокот на нивното патување во онлајн-светот.

Ако се земе предвид фактот дека денес за компаниите е многу потешко да се позиционираат на интернет бидејќи конкуренцијата е веќе присутна и потребно е да се остане во чекор со драстично променетите навики на клиентите, тогаш ваквиот проект е добредојден.

Креативниот концепт на проектот го осмисли Лазар Џамиќ, светски познат креативен стратег, предавач на Катедрата за дигитален маркетинг на Факултетот за медиуми и комуникација во Белград (ФМК). Тој годинава е говорник на Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи на 20 мај.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...