Регион

„Бинго“ ја купи франшизата за ресторанот „Вапијано“

04 мај 2021

„Бинго“ ја купи франшизата „Вапијано“ за БиХ и го отвори единствениот ресторан од овој синџир во трговскиот центар „Алта“ во Сараево.

Компанијата ги задржа вработените, кои останаа дел од семејството „Вапијано“, но и го реновира објектот.

Германскиот синџир ресторани „Вапијано“ е една од жртвите од пандемијата на коронавирусот во таа земја. Тој ја плати цената на зголемената амортизација поради поголемите инвестиции и повисоките каматни трошоци предизвикани од експлозивното отворање на нови ресторани и преземања во претходните години.

Во април минатата година сопствениците објавија банкрот. Во својот најголем подем „Вапијано“ работеше со повеќе од 230 ресторани низ целиот свет, делумно како корпоративни продавници, а делумно во сопственост на франшизи.

Откако „Бинго“ ја купи франшизата, овој концепт ќе продолжи да биде претставен во БиХ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...