Регион

„Атлантик група“ инвестира во нова фабрика за Argeta кај Вараждин

23 мар 2021

Хрватската „Атлантик група“ ќе гради модерен производствен погон за производство на паштетата Argeta. Ќе биде лоциран во близина на Вараждин и во него ќе се отворат 150 работни места. 

Инвестицијата е во вкупна вредност од 50 милиони евра. Според планот, новиот производствен погон треба да биде пуштен во рок од 15 месеци од добивањето градежна дозвола. 

За изградба на погонот, компанијата купи земјиште од 41.000 квадратни метри. 

Сега, „Атлантик група“ има два производствени погони за Argeta. Едниот е во Словенија, а вториот е во БиХ. Исто така, има услужно производство во САД, за пазарите на САД и на Канада. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...