Регион

(ВО ЖИВО) 7 FMCG Ритеил Самит во Сараево: Заедно градиме иднина!

04 мар 2021

„Заедно градиме иднина“ е мотото на овогодинешниот 7 FMCG Ритеил Самит што се одржува во Сараево, а кој претставни значајни теми од квалитетни говорници, пренесе InStore.ba. 

Традиционалната трговска конференција во организација на магазинот InStore на учесниците им нуди преглед на состојбата и увид во потенцијалите на домашниот и регионалниот трговски сектор, анализа на трендовите во Европа, како и преглед на новите модели на работење на глобално ниво. Промените кои доаѓаат не се природни и спонтани, туку бараат нови вештини и знаења. Само тие кои навреме ќе ги препознаат можностите и ризиците, и направат чекори во вистинска насока, можат да сметаат на опстанок на се попредизвикувачкиот пазар, како и на долгорочен одржлив раст, кој станува императив. 

Конференцијата ја отвори Среќко Накиќ, потпретседател на „Атлантик група“ за дистрибуција, со инспиративна приказна за регионалниот гигант и успешните брендови на „Атлантик група“. 

Конференцијата можете да ја следите тука:

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...