Регион

Хрватска ги заштити називите „далматинска панцета“ и „далматинска печеница“

18 фев 2021

Далматинска панцета и далматинска печеница се новите хрвтаски производи со заштитен назив во ЕУ, па Хрватска сега има 31 производ со заштитен назив во Унијата, соопшти хрватското Министерство за земјоделство. 

Двата производи добија заштитена ознака за земја на потекло и се впишани во регистарот за заштитени ознаки на оригиналност, со што се заштитени на подрачјето на цела ЕУ. 

Далматинската панцета е траен сувомесен производ, кој се произведува од преработена свинска сланина, со процеси на солење или маринирање, ладно димење, сушење и зреење.
Далматинската печеница е траен сувомесен производ без коски произведен од обликуваниот долг заден мускул на свињите, со процеси на солење или маринирање, ладно димење, сушење и зреење.
 
Географската област на производство на далматинска панцета и далматинска печеница ги вклучува градот Новаља, градовите Бенковац, Биоград, Нин, Обровац, Паг и Задар и општините Бибиње, Галовац, Јасенице, Кали, Колан, Кукљица, Новиград, Пакоштане, Пашман, Полача, Полишник и други.
 
Министерството потсетува дека Хрватска сега има 31 земјоделски и прехранбен производ чие име е регистрирано во ЕУ како заштитена ознака за потекло или заштитена географска ознака.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



(ВО ЖИВО) 7 FMCG Ритеил Самит во Сараево: Заедно градиме иднина!

25 фев 2021

„Инвеј“ сака да ги преземе сите акции на „Витал“

25 фев 2021

„Бинго“ го презеде ИНИТ од „Фортенова“

25 фев 2021

Наскоро нова фабрика месната индустрија „Равлиќ“

25 фев 2021

„Дон Дон“ планира да продаде 10 милиони крофни оваа година

25 фев 2021

Нектар најави „зелена“ мисија

25 фев 2021
Вчитува уште новости...