Регион

Хрватска постави рекорд во извозот на домашни производи

15 фев 2021

Хрватските производители преку продажната мрежа на „Шпар“ остварија рекорден извоз на домашните производи во 2020 година во вредност поголема од 100 милиони евра, пто е пораст од 15 отсто во споредба со 2019 година. 

Од година во година, синџирот „Шпар“ е се позначаен канал за извоз на производите произведени во Хрватска во земјите од ЕУ. Минатата година, најголем беше извозот во Австрија, за 33 отсто поголем во споредба со годината претходно, потоа во Италија за 21 отсто и Словенија за 16 отсто. 

Преку „Шпар“ извезуваат големите производители како „Атлантик група“, „Подравка“, „Краш“, „Виндија“ и други. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...