Македонија

President во акција за поголема безбедност во маркетите

25 мар 2020

За да се избегнат гужвите во маркетите, а и за полесно да може да се почитуваат препораките на здравствените работници, „Лакталис“ – Македонија со брендот President постави етикети со кои се означува потребното растојание меѓу потрошувачите.

Како што соопштуваат од компанијата, по првите поставени етикети, многу бргу пројавиле интерес голем број маркети, а примерот го следат и други компании.

Етикетите President обезбедуваат поголема безбедност и сигурност при процесот на купување и им помагаат на потрошувачите при чекањето на каса да внимаваат на оддалеченоста. Со оваа активност  „Лакталис“ – Македонија ги поттикнува граѓаните на претпазливост, придонесува за намалување на гужвите, но и за поголема сигурност за сите, се наведува во соопштението на компанијата.

Од „Лакталис“ – Македонија апелираат граѓаните да ги почитуваат овие мерки на претпазаливост, а воедно и посакуваат брзо надминување на новонастанатата ситуација.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...