Македонија

Зошто вашите брендови треба да бидат во MUST HAVE 2024?

24 ное 2023

Клучното издание за FMCG-секторот очекувајте го во декември.

Специјалното издание MUST HAVE е годишно издание на InStore и на Кликер маркетинг. MUST HAVE е препорака и презентација на најсилните FMCG-брендови на македонскиот пазар, кои задолжително треба да се најдат на полиците во маркетите.

Со MUST HAVE се зголемува видливоста на производите: Присуството меѓу најдобрите и најсилните брендови во специјалното издание, значи поголема видливост на брендовите, бидејќи ова издание е од исклучителна важност за трговците. На овој начин се отвора можност за проширување на асортиманот на трговците токму со вашите производи и полесна достапност до крајните потрошувачи.

MUST HAVE ги следи трендовите преку објавување на истражувања за навиките на потрошувачите. На компаниите им овозможува подобро да разберат што сакаат и што им треба на потрошувачите, кои брендови се предводници во земјава, регионот, но и во светот. И годинава, ќе има приказ на 15+ категории и одлична содржина од истражувачките агенции: БРИМА, „Кантар“, „Фокус рисрч“, „Индаго“, „Еуромонитор“, „Инсајдер ИД“, „Медиана“, „Минтел“...

InStore и преку изданието MUST HAVE ја поддржува соработката со партнерите. Трговците кои ги користат информациите од ова издание имаат увид што ново може да им понудат компаниите, кои брендови, новитети треба да се најдат на нивните полици. Од друга страна, компаниите добиваат увид во тоа кои се топ-брендовите според најголемите трговски синџири во земјава. Лани со свои листи учествувале: „Веро“, „Тинекс“, „Вива фреш“, „Рамстор“, „Рептил“ и Paket.mk.

MUST HAVE ја одржува конкурентноста на пазарот, бидејќи со константното освежување на асортиманот, во согласност со трендовите, компаниите стануваат конкурентни. Преку видливоста на брендовите, тие креираат вредност за сите чинители во синџирот на набавка и на продажба.

Повеќе информации нa: zvezdan@instore.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...