Македонија

Бектеши: Ќе предложиме укинување на мерките за помош на фирмите

23 фев 2023

Министерството за економија до Владата ќе предложи укинување на мерките за помош на фирмите и нивно пренасочување за помош на загрозените категории граѓани, рече синоќа, во своето гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, министерот за економија, Крешник Бектеши. Сепак, како што рече тој, дел од мерките остануваат за одредени институции.

Мерката за основните и средните училишта ќе остане, тоа сме го ветиле. За јавните комунални претпријатија ќе остане, до крајот на завршување на кризната состојба. За фирмите, предлогот на Министерството за економија до Владата, ќе биде да се укине и тие средства да се користат за мерки за поддршка кон граѓаните, посебно за тие коишто немаат големи приходи, рече Бектеши.

Од Организацијата на потрошувачи (ОПМ) вчера побараа прехранбените компании кои не ги намалија цените, да ги вратат парите кои се искористија за тие да добиваат субвенционирана струја. Јас лично се изненадив кога слушнав дека ќе им се укине субвенционираната струја. Не треба да се укине, треба да се бара од нив да ги вратат парите за таа субвенција директно во буџетот и истите да се искористат за граѓаните, изјави Маријана Лончар - Велкова, претседателка на ОПМ. 

Според податоците што ги кажа Бектеши, 70 отсто од фирмите кои користеле субвенцинирана струја не ги намалиле цените.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...