Македонија

Бектеши: Млекото денес „падна“ на 76 денари, лебот на 36 денари

18 ное 2022

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува до првата недела од декември да има дополнително намалување од 5 до 12 - 13 отсто на основните прехранбени производи.

Ако нема толкаво намалување во зависност од производите, секако дека ќе ги донесеме новите мерки кои се веќе подготвени од Министерството за економија. Тие се мерки кои што произлегуваат од Законот за трговија, рече Бектеши на денешната прес-конференција по средбата со компаниите за производство на храна.

Тој посочи дека веќе започнал трендот на намалување на цените на млекото и лебот.

Само еден пример, одреден производител на млеко имаше цена над 80 денари, денес е 76 денари и од 1 декември уште ќе паѓа цената. Одредени производители на леб имаа цени над 40 денари за лебот, денес се движат од 36 до 38 денари и таму очекуваме дополнително намалување. Истото важи и за месните производи, додаде Бектеши.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...