Македонија

Фирми со манипулации влегле на регулираниот пазар на струја

11 ное 2022

Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар за снабдување со струја, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар.

Како што е наведено во соопштението од владината прес - служба, доколку наведените правни лица до крајот на годината не се вратат самите на слободниот пазар, операторот на дистрибутивниот систем ќе има обврска автоматски од први јануари 2023 година истите да ги врати на слободниот пазар, информираше Андонов.

Околу 12 илјади големи фирми, кои набавуваат струја на слободниот пазар, преку изигрување на законот, оваа година се вратиле на регулираниот пазар, за да трошат од поевтината струја што владата ја обезбедува за домаќинствата и малите фирми.

Цените на струјата на берзите оваа година се зголемија за неколкупати во однос на лани.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...