Македонија

Од 1 декември фиксна цена на струјата за 150 прехранбени компании

19 окт 2022

Од 1 декември годинава, околу 150 компании во државата кои произведуваат основни прехранбени производи ќе имаат фиксна цена на електричната енергија, најави денес министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според него, таа цена ќе биде пониска и од онаа која ја добиваат малите потрошувачи. Сите производители на основни прехранбени производи во државата, од 1 декември ќе имаат фиксна цена за електрична енергија се со цел трошокот за електрична енергија да се намали во делот на производството на финалните производи, во случајов, на основните прехранбени производи, рече Бектеши.

Тој посочи дека станува збор за околу 150 компании, главно производители на млечни производи, на млеко, на леб и на други основни прехранбени производи согласно листата и одлуката која што е донесена.Фиксната цена ќе биде позната кога ќе биде донесена одлуката од страна на Владата, но ќе биде најконкурентна и пониска дури и од онаа која ја добиваат малите потрошувачи, рече денеска Бектеши одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција посветена на заштедите на потрошувачката на електрична енергија кај државните институции.

Во однос на барањата на Стопанската комора, кои беа соопштени вчера, и кои не се однесуваат само на цената на струјата, туку и на сивата економија, блокираните закони во Собранието, (не)уставноста на мерката недела неработен ден и тн, Бектеши одговори дека непосредно пред прес конференција имал состанок во Стопанската комора и дека покрај посочените мерки за компаниите од прехранбената индустрија, мерки се донесени и за основните и средни училишта, за мерните станици на водни пумпи и пречистителни станици и тн.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...