Македонија

Лебот поскапe за 8 до 10 отсто

05 авг 2022

Новите цени на лебот се повисоки за 8 до 10 отсто. Причина за ваквото зголемување се скапите енергенси, велат од мелничко-пекарската индустрија. 

Тоа е најчесто од ударот на зголемувањето на цената на гасот која во авуст е неколкупати покачена во споредба со онаа во месец јули, како и со поскапувањето на електричната енергија со новите измени во правилникот и законите за малите компании кои учестуваат во регулираниот пазар како и за домаќинствата каде што исто така е зголемена цената на електричната енергија, вели Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко-пекарска индустрија, во изјава за „Сител“. 

Очекувањата се дека цената на лебот и натаму ќе оди нагоре, паралелно со растот на цените на енергенсите. Токму затоа мелничарите и пекарите побарале државна помош. Држвата мора да учествува во субвенционирање на компаниите со цените на електричната енергија, затоа што само ние сме како индустрија во нашава држава изложени на најскапа електрична енергија. Секаде во опкружувањето струјата е регулирана и субвенционирана од страна на владите. Ако продолжат цените на енергенсите да се зголемуваат, а тие го достигнаа својот пик во летниот период, замислете што ќе биде во есенските или зимските месеци, кажа  Малишиќ.

Маржата на лебот останува ограничена на 5 отсто до крајот на септември.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...