Македонија

Орде Ивановски - нов менаџер за продажба и маркетинг во „Бадел 1862“ - Македонија

04 авг 2022

Орде Ивановски ја презема позицијата менаџер за продажба и маркетинг во „Бадел 1862“, по 10 години работење во „Тиквеш“.

Како што Ивановски изјави за InStore клучно за прифаќање на новата функција во „Бадел 1862“, беше желбата за нов предизвик и внатрешната мотивација за остварување успех.

Изминатите 10 години бев дел од винарската визба „Тиквеш“ каде што последните 5 години ја извршував функцијата на маркетинг-менаџер на ниво на целата компанија. „Бадел 1862“ е гигант во индустријата за жестоки пијалаци кој постои 160 години, а во изминатите 3 години е значително работено на подобрување на целокупното портфолио и од аспект на квалитет на производите и од аспект на дизајн и имиџ од страна на новите сопственици „Метеор груп“ од Хрватска. Поставените цели се навистина високи, што за мене претставува дополнителен мотив во секојдневното работење, објасни Ивановски.

За проектите кои треба да ги реализираат, Ивановски откри дека во моментов во полн ек е проектот за редефинирање на нивниот пристап кон пазарот т.е. стратегијата route to market која треба да биде во чекор со новите трендови во дистрибуцијата на алкохолни пијалаци.

Нашата цел со овие промени е на потрошувачите да им обезбедиме поголема достапност на производите, а во исто време овие промени да не се одразат негативно врз крајните цени, додава тој.

Во однос на производите од палетата на „Бадел 1862“  Ивановски истакна дека со засилено темпо се работи на подобрување на квалитетот на целокупното портфолио: Подобрувања се направени кај Sax џинот кој сега е направен по методот London Dry и е во чекор со глобалната конкуренција, или пак кај вотката Vigor која сега е тројно дестилиран 100% пченичен дестилат со цел обезбедување на максимално задоволство кај потрошувачите.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...