Македонија

Денеска се укинуваат ограничените маржи во трговијата

01 јун 2022

Од денеска не важи времената мерка за ограничување на маржите во малопродажбата како и кај трговијата на големо. Заклучно со вчера маржите во малопродажба беа ограничени на пет насто кај лебот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло за јадење и сончогледовото масло за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи.

На оваа листа беа и сирењето, урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата како и овошјето и зеленчукот. Од министерството за економија посочија дека нема простор за продолжување на оваа мерка, со оглед на фактот дека на тој начин би можело негативно да се влијае врз работата на компаниите од преработувачката индустрија и од трговската дејност. Од Народната банка смируваат и велат дека овој ценовен шок нема да биде драстичен.

По глобалниот раст, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на цените на енергенсите и на храната, односно на увезената инфлација, а најверојатно надолен притисок врз цените ќе предизвика и промената во однесувањето на потрошувачите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...