Македонија

Zlaten Dab претстави нови дизајни на лименки

17 мај 2022

Zlaten Dab по четврти пат ги претстави своите лименки во уметнички дизајни, на тој начин поддржувајќи ги уметниците и домашната арт сцена во Македонија. Зад најновите дизајни, оваа година стојат истакнатите македонски уметници Елена Чемерска, Никола Радуловиќ, Руки Чуки и Ване Костуранов.

Промотивниот настан беше збогатен со диџеј сетовите на Shorty P и Irie Scratch, а посетителите можеа да добијат пакување со најновите Limited Edition лименки на Zlaten Dab. Уметниците кои учествуваа во овој проект потенцираа дека редизајнирањето на лименките на омиленото македонско пиво е голема инспирација која уметнички ја поврзуваат со ведрината, забавата и убавината на живеењето.

Инаку, оваа година, Zlaten Dab како новитет ги претставува и дизајнираните етикети на шишињата од 0,33 л. кои ќе бидат достапни во кафулиња и ресторани.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...