Македонија

Јубилејна година за „Веро“: 25 години на македонскиот пазар

12 мај 2022

Синџирот маркети „Веро“, првата странска компанија во трговијата на мало која влезе на македонскиот пазар, оваа година одбележува 25 години од почетокот на работењето во Македонија. „Веро“ им го посветува големиот јубилеј на своите потрошувачи и затоа ќе го одбележи со возбудливи роденденски изненадувања, специјални акции и промоции во маркетите, интересни настани и со голема наградна игра во кои лојалните потрошувачи ги очекуваат вредни награди.  

Празнувањето на 25-годишнината почнува во мај, месецот во кој „Веро“ во 1997 година го отвори првиот модерен супермаркет во скопската населба Аеродром. Денес, „Веро“ има 12 најмодерни супермаркети во Скопје, Битола и Тетово, трговскиот центар „Веро центар“ во Скопје, како и франшизи за брендот „Џамбо“ (Jumbo) и за ресторанот за брза храна „Гудис“ (Goody’s).

Покрај Скопје, Тетово и Битола, „Веро“ наскоро ќе се прошири во уште еден град во Македонија, Куманово, каде во втората половина од годинава ќе отвори нов, модерен супермаркет. Јубилејната година е почеток на инвестицискиот бум на „Веро“ кој ќе продолжи со отворање на уште еден маркет во Скопје во 2023 година лоциран во  новиот трговски центар „Дајмонд“, како и со проширување на мрежата и во Струмица која ќе биде петтиот град во земјава што ќе добие „Веро“ маркет. Во план е во следните години е да се отворат „Веро“ маркети уште во неколку други градови. 
 
Инвестициските активности на „Веро“ годинава ќе се интензивираат и со планираното големо реновирање на еден од првите супермаркети, маркетот во скопската населба Тафталиџе. 

Годинава одбележуваме голем јубилеј кој неизмерно нѐ прави горди. „Веро“ беше пионер во модерната малопродажба во Македонија и останува носител на многу активности и иновации во работењето својствени за лидерите во една дејност. Заедништвото и сплотеноста на тимот на „Веро“ во изминатите 25 години, лидерската визија на менаџерскиот тим и лојалните потрошувачи кои секојдневно се со нас го прават „Веро“ врвен бренд кој е пример за успешно работење во една динамична дејност како што е малопродажбата, но и пример за општествено-одговорна компанија чија примарна цел е да ги подобри условите во заедницата во која работи. Многубројните домашни и меѓународни награди и признанија кои „Веро“ ги доби во изминатиот период се доказ дека посветената работа и јасната визија за целите се добитна комбинација, изјави Петар Денковски, генерален менаџер на „Веро#.

Денковски најави неколку општествено-одговорни проекти како продолжение на досегашните активности на компанијата преку кои ја истакнува својата грижа за заедницата, особено за најранливите категории граѓани. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...