Македонија

Владата ги замрзна цените на основните прехранбени производи

05 дек 2021

Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи, и тоа за: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; и сирење и урда.

Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.

Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој кажа дека наредната недела ги очекуваат ценовните податоци од страна на заводот за статистика за месец ноември, па ако резултатие покажат дека има дополнително зголемување, тогаш списокот ќе се дополни, со цел, како што вели, да се заштити стандардот на граѓаните.

Ќе се прошири листата за кои ќе се носи одлука за замрзнување на цените, се со цел во вакви кризи да не шпекулираме, да не ја користиме можноста за да ги зголемиме профитите, а тоа да биде на товар на граѓаните. Овие одлуки ги носиме само во интерес на граѓаните и во интерес на нивниот стандард на живеење, вели Бектеши.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...