Македонија

Dm донира дел од прометот на здружение против насилство врз жени

25 ное 2021

Наместо обезбедување на попусти за Black Friday, на 26 ноември 2021 година, под слоганот „Giving is the new black”, dm ги заменува попустите со хуманитарна донација!

Оваа година dm донираа 5% од вкупниот промет остварен на овој ден од сите свои дрогерии, на националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство ,,Глас против насилство’’. Мисијата на мрежата е справување со проблемите на насилство врз жените и семејно насилство.

Водени од филантропскиот принцип, кој е длабоко вкоренет во нашата компанија, ќе се стремиме да ја искористиме нашата позиција на пазарот за создавање подобро место за живеење за сите нас, изјавија од „дм дрогерие маркт“

Минатата година, со помош на своите купувачи и фанови, преку акцијата за Black Friday, dm донираше 750 пакети со храна за социјално-загрозени сограѓани, а во 2019 година, кога за првпат се организираше оваа акција беа вложени 300.000 денари во обнова на медицинските апарати во Клиничкиот центар во Штип.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...