Македонија

Одложен Фестивалот на италијанска храна

24 ное 2021

Италијанската агенција за надворешна трговија – ИЧЕ информира дека во знак на почит кон жртвите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија и големата загуба што ја погоди целата држава, Фестивалот на италијанска храна предвиден за 27 и 28 ноември се одложува за 4 и 5 декември.

Изразуваме најдлабоко сочувство за трагедијата што се случи, соопштија од ИЧЕ, агенцијата која со Амбасадата на Р. Италија е организатор на настанот.

Со настанот на отворено, плоштад Македонија во Скопје, ќе се одбележи 6. Недела на италијанската кујна во светот, која ја промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...