Македонија

МАТТО го откажа бизнис настанот - сочувство до семејствата на настраданите во Бугарија

23 ное 2021

Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите во трагичната автобуска несреќа во Софија.

МАТТО поради трагедијата го откажа и за денеска најавениот бизнис настан на кој требаше да има деловни средби со претставници од Стопанската комора на Косово – Турција (КТТО) и од Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ” од Косово.

-Почитувани членки, поради големата трагедија за нашата држава несреќата која се случи ноќта во Бугарија, изразуваме сочувство до семејствата и оние кои за жал ги изгубија своите животи. Нека почиваат во мир, соопштија од МАТТО

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...