Македонија

„Супер Тинекс“ и „Космо“ ги отворија вратите во „Ист гејт мол“

29 окт 2021

Утрово, во склоп на новиот трговски центар „Ист гејт мол“, компанијата „Тинекс“ ги отвори вратите на две нови продавници, супермаркетот „Тинекс“ и парфимеријата „Космо“.

Супермаркетот е на површина од 2000 квадратни метри и е со нов концепт – комбинација од „Тинекс“ маркет и „Деликатесен Тинекс“, што го прави прв од ваков тип на супермаркет на компанијата. Достапен е асортиман од над 30.000 производи, од домашно потекло и производи од увоз. Ќе има и каси за самнаплата на кои брзо, лесно и сигурно во само три чекори ќе може да се купат посакуваните производи. 

Како втор концепт на „Тинекс“ во „Ист гејт мол“  е луксузната продавница „Космо“ со продажен простор од 300м2 на кој се изложени познатите мириси на парфемските куќи, niche брендови, селективна, декоративна и органска козметика и ексклузивен накит од шпански и италијански дизајнери. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...