Македонија

„Рамстор“ го одбележа месецот за борба против рак на дојка

25 окт 2021

Во „Рамстор мол“ се одржа настан за одбележување на месецот за борба против рак на дојка.  

Гости на овој настан, кои дадоа поддршка со своите обраќања, беа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на државата, Даниела Адемоска – сопственичка и генерална директорка на „Рамстор Македонија“ и Биба Додева – претседателка на здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“, заедно со жените вработени во „Рамстор“.

„Рамстор Македонија“ како општествено одговорна компанија и компанија каде што 60 отсто од вработените се припаднички на женската популација, со одбележувањето на денешниот настан имаме единствена цел – да ја искажеме својата поддршка на сите оние кои имале какво било искуство со ракот на дојка но и за сите оние за кои треба да ја подигнеме свеста за потребата од рано дијагностицирање и превентивни активности затоа што се работи за здравјето, и затоа што сите треба да покажеме сплотеност и солидарност. Сметам дека ваквите настани се показател за нашата подготвеност како општество за поддршка и активности со цел да се зголеми свеста како и отворено да се збори за ракот како болест, изјави Адемоска. 

Од „Борка“ делеа информативни едукативни материјали на посетителките во трговскиот центар. Како поддршка и во знак за борба против ракот на дојка со моќ да ги воздигнат и инспирираат другите, жените вработени во „Рамсторе Македонија“ направија заедничка фотографија облечени во маичките на „Борка“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...