Македонија

Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи

16 авг 2021

Во вториот квартал годинава откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 2.573.092.000 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1,4 проценти, објави Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 1 процент, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е намалување за 3,6 проценти.

Намалување е забележано кај житата, добитокот, живината и јајцата и другите земјоделски производи, а кај другите производи е забележано зголемување, покажуваат податоците на ДЗС



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...