Македонија

Во септември ќе се одржи меѓународниот саем „Органска трпеза“

27 јул 2021

На 25.09.2021 година (сабота)  во спортско рекреативниот комплекс во Куманово, во период од 8 часот до 18 часот ќе се одржи четвртиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“. 

Свеченото отварање е во 12 часот. Влезот за сите посетители е бесплатен. 

Преку организирање на панел дискусии, работилници и конференции, а пред се со организирање на меѓународниот саем „Органска трпеза“ им помагаме на нашите партнери да ги согледаат предизвиците со кои што се соочуваат, да ги надминат истите и да ги развијат и да ги подобрат деловните контакти локално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа, како и да започнат релевантно вмрежување на глобално ниво. „Органска трпеза“ има за цел да стане централно место за презентација, промоција, дегустација и продажба на одбрани производи, размена на знаења, искуства и деловни можности во овој дел на Европа за областите на органски и традиционални производи, соопштија организаторите.  

Покрај операторите со храна, ќе учествуваат и компании што се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа за преработка, пакување, обележување и следење на прехрамбени производи, како и производители и увозници на препарати и ѓубрива за органско производство. 

Оваа година има пријавени учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Ерменија, Хрватска, Словенија, Руска Федерација, Словачка, Црна Гора, Косово и други. Ќе се презентираат и агенции, асоцијации, федерации, здруженија, владини и невладини организации, стопански комори, издавачки куќи, портали, нутриционисти и сертификатори кои на свој начин го помагаат и унапредуваат органското производство, печатени и електронски медиуми и ТВ куќи, стопански комори од земјата и од странство, како и дипломатски претставништва и амбасади. Експерти за рурален и земјоделски развој, како и претставници од секторот за развој на руралниот туризам, ќе ја презентираат моменталната состојба на теренот, ќе покренат дискусија и ќе дадат препораки за понатамошни мерки и чекори за подобрување на животот во руралните средини. Фокусот ќе биде на образованието и ширењето на знаењето поврзано со успешниот агробизнис.

Претставници на финансиски институции  ќе информираат  за моделите на финансирање на агробизнисот, имајќи предвид дека стимулациите постојат и недоволно се користат.       
Оваа година,  саемската манифестација ќе биде збогатена и проширена со учесници од здруженија и организации кои ја негуваат нашата традиција, а воедно ги негуваат и зачувуваат старите занаети предводени од  Занаетчиската комора.

Ќе се овозможат B2B средби помеѓу производители, преработувачи и извозници. 

 Саемот има изложбено – продажен карактер.  
 
 

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...