Македонија

„Денови на Франција“ во „Веро“ со француски производи и специјални промоции

25 мај 2021

Врвно гастрономско доживување со автентични француски производи, како и славење на француската култура и стил на живеење се дел од понудата на „Денови на Франција“ кои „Веро“ ги организира во своите маркети, соопштија од „Веро“

Почнувајќи од денеска (25 мај) па сѐ до 8 јуни, во „Веро“ ќе има промоција на една од најценетите светски кујни, со специјални цени и промоции на автентични производи од Франција, свежи француски печива, рафинирани сирења, врвни вина и шампањ, софистицирани десерти, но и препарати за нега и козметика за целосно доловување на парискиот стилски шик.

Првата асоцијација на Франција секогаш ни е добрата храна и прекрасното вино, проследени со убава музика и хедонистички пристап кон животот. „Деновите на Франција“ ги организираме со цел на потрошувачите да им ја доближиме културата на оваа земја, опуштениот стил на живот и врвното гастрономско уживање. Затоа и креиравме специјални понуди и промоции за големо задоволство на нашите потрошувачи. Во следниот период планираме да организираме уште неколку вакви настани преку кои ќе ги претставиме културите и на други земји и ќе им овозможиме потрошувачите да уживаат во нивните кујни и автентични производи, велат од менаџментот на „Веро“.

Двонеделниот настан „Денови на Франција“ во Веро е поддржан од Францускиот институт во Скопје.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...