Македонија

„Киппер“ отвори нов продажен објект во Куманово

04 мај 2021

Само три дена по отворањето на маркетот во Кичево, „Киппер“ отвори нов продажен објект и во Куманово.

Во четвртокот, на 29 април, беше отворен 64. маркет во малопродажната мрежа на „Киппер“. Новиот маркет е лоциран на улицата Ѓорче Петров, бр. 40 во Куманово. Се простира на вкупна површина од 500 квадратни метри, од кои 420 квадрати се продажен простор. Асортиманот го сочинуваат речиси 2.200 производи, а купувачите се услужуваат на 2 наплатни каси. За услугата се грижат 9 вработени.

Од „Киппер“ за InStore ги потврдија претходните планови за отворањето нови маркети: Првата недела од мај е планирано отворањето во Штип, а втората недела и транфер на локацијата во с. Боговиње. Следуваат маркетите и во: Радишани, Струмица, Липково, Дебар, Ресен итн.

Како што истакнуваат од компанијата, 64. маркет е најголемиот продажен објект во Куманово. Продажниот простор ги исполнува модерните стандарди во трговијата на мало, а за купувачите со возила е обезбеден и голем паркинг-простор.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...