Македонија

„Слога пром“ со велигденска донација од 600 пакети

04 мај 2021

По повод велигденските празници, кавадаречката компанија „Слога пром“ донира 600 пакети производи наменети за семејствата кои се во социјален ризик.

Донацијата ќе биде распределена низ повеќе градови од државата, Кавадарци, Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово, Неготино, Демир Капија, Прилеп како и околните села. За доставата на донираните производи до семејствата се погрижија хуманитарната група граѓани „Од срце за срце” заедно со соработниците Здружение „Надеж Мит“ Неготино, Здружение „Надеж Надеж“ – Прилеп и младите волонтери на Црвен Крст од Источна Македонија. Донацијата се состои од замрзнати месни производи и зеленчук.

Во изминатава година поради пандемијата со ковид-19 многу семејства го изгубија изворот на егзистенција и помошта за нив е главната причина за оваа донација, покрај желбата којашто е во духот на овој голем празник, да споделуваме и даруваме. Акцијата доби голема поддршка и од нашите вработени, кои безрезервно помогнаа во целосната реализација што ме прави навистина горд. Не смееме да дозволиме храната да биде недостиг и затоа „Слога пром“ како едно големо семејство ќе продолжи и понатаму да ја дава својата помош и поддршка, изјави Ласко Јованов, управител и менаџер за увоз во „Слога пром“.

Слога Пром како компанија што три децении се занимава со пакување и дистрибуција на замрзнати производи и е една од најангажираните деловни субјекти во поддршката на локалната заедница.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...