Македонија

Пораст на трошоците за живот и на цените на мало во март

08 апр 2021

Трошоците за живот во март во споредба со февруари годинава се зголемија за 0,5%, а цените на мало за 0,6%, додека во споредба со март лани бележат пораст од 2,1%, односно од 2,6%, објави Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, пораст на трошоците за живот во март 2021 година во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите (3,5%), свежото и разладеното овошје (2,1%), минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук (1%), шеќерот, џемот, медот, чоколадото и кондиторските производи (0,8%), свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови (0,4%), месото и жестоките пијалци (0,2%).

Во март, пораст на индексите на трошоците за живот е регистриран и кај собирањето на отпадните води (8,2%), течните горива за домаќинствата (7,4%), фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти (6,8%), горивата и мазивата за сопствени превозни средства (5,8%), информатичката опрема за обработка на податоци (5,5%), моторните возила (3%), гасот за домаќинствата (2,3%), малите електрични апарати за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување (7%), снабдувањето со вода (0,5%), мебелот и покуќнината (0,3%), материјалите за одржување и поправки на станот, теписите и другите подни покривки, резервните делови и приборот за сопствени превозни средства, другите апарати и производи за лична хигиена (0,2%).

Намалување на трошоците на животот во март во споредба со февруари е забележано кај рибата и морските плодови (0,6%) и конзервираното овошје (0,3%). Исто така, намалување на трошоците за живот е регистрирано и кај медиумите за снимање (0,9%), опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики (0,7%), обувките (0,5%), домашните миленици и сродните производи (0,4%) и облеката (0,2%).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Киппер“ продолжува со експанзијата

07 апр 2021

Министерството за финасии објави Календар на даночната регулатива

07 апр 2021

Во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра

07 апр 2021

„Веро“ ја стартува услугата Vero Drive

07 апр 2021

Отворен е реновираниот „Тинекс“ во Тетово

07 апр 2021

Фирмите кои ќе бидат затворени овие две недели ќе добијат помош

07 апр 2021
Вчитува уште новости...