Македонија

Менаџментот кај Заев: „Лидл“ ќе гради и логистички центар во Македонија

07 апр 2021

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се сретна со менаџментот на германската компанија „Лидл“ и на средбата разговарале за влегувањето на компанијата во земјава. 

Според Заев, новите инвестиции се од голема важност за земјава, во насока на зголемување на понудата, нови вработувања, како и подобрување на севкупната економија. Тој ги поздравил позитивните практики препознатливи за „Лидл“ во поглед на пазарот на труд, обучување на своите вработени, како и практикување на модерен начин за водење трговија.

Менаџментот на компанијата „Лидл“, претставуван од Волф Тиедеман, член на Управниот одбор, Милена Драгијска, извршен директор на „Лидл“-Бугарија и „Лидл“-Северна Македонија, Бисер Инчовски - директор на централните служби, како и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги презентирал плановите за новата инвестиција во земјава. Тие кажале дека компанијата планира својата прва инвестиција во Македонија да ја реализира преку изградба на сопствен модерен логистички центар кој ќе ги поседува сите меѓународни сертификати на „Лидл“ и кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети. Опремата која ќе се користи во центарот за логистика е според најсовремените стандарди во Европа.

Како што соопштија од владината прес-служба, во однос на стратегијата за експанзија, на средбата било истакнато дека сите маркети кои „Лидл“ планира да ги отвори во земјава ќе бидат позиционирани во градовите со одржлива демографска и економска моќ. Плановите на „Лидл“ за инвестициите во Македонија се да оствари долгорочна, одржлива, одговорна соработка, како со своите клиенти, деловни партнери, така и со своите вработени, но истовремено да делува како општествено одговорна компанија со одговорност кон животната средина.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Киппер“ продолжува со експанзијата

07 апр 2021

Министерството за финасии објави Календар на даночната регулатива

07 апр 2021

Во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра

07 апр 2021

„Веро“ ја стартува услугата Vero Drive

07 апр 2021

Отворен е реновираниот „Тинекс“ во Тетово

07 апр 2021

Фирмите кои ќе бидат затворени овие две недели ќе добијат помош

07 апр 2021
Вчитува уште новости...