Македонија

Нови амбалажи во асортиманот на „Тиквеш“

05 апр 2021

Винарницата „Тиквеш“ ги претстави новите амбачажи за вината Vranec и Vitač од 0,5 л и за Lozova rakija 0,1 л.

Минатата година „Тиквеш“ промовираше две вина Smederevka и Roze во пакување од 0,5 л. По, одличниот прием од потрошувачите, од компанијата најавија две нови вина во нова амбалажа од 0,5 л- Vranec и Vitač.

Новото пакување се одликува со поголема практичност и го задржува атрактивниот изглед и навојните затворачи. Квалитетот останува непроменет.

Воедно, како и новите амбалажи за вината, од март е достапна и новата амбалажа за Lozovata rakija. Таа сега е достапна во пакување од 0,1 л. Како што соопштуваат од винарницата: се водеше сметка да го задржиме атрактивниот изглед и сите карактеристики со кои гарантираме конзистентен, висок квалитет на производот и сигурност за нашите потрошувачи



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...