Македонија

Минатата година БДП со стапка од минус 4,5 отсто

02 мар 2021

Домашниот бруто-производ во четвртиот квартал од 2020 година изнесува -0,7%, а за целата година -4,5%, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, пораст лани е забележан кај групата земјоделство, шумарство и рибарство за 1,7%; секторот информации и комуникации за 2,8%; дејностите поврзани со недвижен имот за 1%; областите уметност, забава, рекреација и други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавци, дејности на домаќинствата што произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за 0,4%. Во другите дејности е забележан пад, кој е најголем кај преработувачката индустрија од 10,6%.

Во четвртиот квартал од 2020 година, пораст е забележан во секторите дејности во врска со недвижен имот од 2% и финансиски дејности и дејности на осигурување од 1%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во четвртиот квартал лани номинално опаѓа за 1,6%, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 62,4%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4,5%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,7%.

Домашниот бруто-производ во првиот квартал лани имаше стапка на пораст од 0,9%, во вториот -14,9% и во третиот од -3,3%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...