Македонија

Од денес почнува платниот промет преку „Македонска пошта“

01 мар 2021

Од денес, 1 март, започнува функционирањето на платниот промет во „Македонска пошта“ преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.

Оваа недела, платниот промет ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2,  подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на поштата.

Плаќањето во готово преку шалтерите на „Македонска пошта“ ќе биде со најниска провизија, односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Во минатото, преку платниот промет на „Македонска пошта“ се одвиваше 25 отсто од вкупниот платен промет во државата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Киппер“ продолжува со експанзијата

07 апр 2021

Министерството за финасии објави Календар на даночната регулатива

07 апр 2021

Во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра

07 апр 2021

„Веро“ ја стартува услугата Vero Drive

07 апр 2021

Отворен е реновираниот „Тинекс“ во Тетово

07 апр 2021

Фирмите кои ќе бидат затворени овие две недели ќе добијат помош

07 апр 2021
Вчитува уште новости...