Македонија

ССМ: При крај сме со договорот за недела како неработен ден

26 фев 2021

Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека неговата повеќегодишна иницијатива за недела да биде неработен ден е 90 отсто прифатена од социјалните партнери. 

За македонскиот работник тоа ќе значи дека недела ќе биде ден за одмор. Во мал број на дејности, работниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добијат зголемена дневница за најмалку 50 проценти, како што е тоа утврдено во Закон или колективен договор, како и право на слободен друг ден во неделата. Останува само да се утврди дали тоа ќе биде денот пред или денот по недела, соопштија од ССМ.

Оттаму потенцираат дека на барање на ССМ се воведуваат и строги казни за оние работодавци кои ќе го прекршат законот, чии дејности не спаѓаат во исклучоци, со забрана за работа од 15 до 30 дена и висока парична казна. Останува уште технички службите да го финализираат предлог текстот на Законот, а не истиот да се дополнува со желби на поединци на штета на работниците, најавуваат од ССМ.

Од ССМ потенцираат дека Законот за работни односи важи за сите вработени и за сите правни субјекти и не може со други закони да се дерогираат правата на работниците кои се веќе стекнати со овој закон.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Киппер“ продолжува со експанзијата

07 апр 2021

Министерството за финасии објави Календар на даночната регулатива

07 апр 2021

Во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра

07 апр 2021

„Веро“ ја стартува услугата Vero Drive

07 апр 2021

Отворен е реновираниот „Тинекс“ во Тетово

07 апр 2021

Фирмите кои ќе бидат затворени овие две недели ќе добијат помош

07 апр 2021
Вчитува уште новости...