Македонија

„Алкалоид“: Инвестиции од 1,5 милијарди денари и 210 нови вработувања

25 фев 2021

 „Алкалоид“ остварил 210 нови вработувања, инвестиции од над 1,5 милијарди денари и раст на консолидираните продажби од 9% во периодот јануари-декември 2020, соопштија од компанијата.

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2020 продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупните консолидирани продажби достигнуваат 12.132.328.349 денари, исто така 9% повеќе во споредба со 2019.

Консолидираните продажби на домашен пазар се зголемени за 9%, исто колку и вкупниот консолидиран извоз. Од вкупните консолидирани продажби, 65% се остварени во странство: од тоа, 33% во земјите од Југоисточна Европа, 20% во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА), 10% во Русија и другите земји од ЗНД, како и 2% на другите пазари. Во 2020 се реализирани првите продажби на сегментот фармација во Канада во вредност од 30,4 милиони денари..

Во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, 87%. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 13%.

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.959.849.982 денари, бележи зголемување за околу 10%, додека единечната нето добивка изнесува 1.142.650.910 денари и е зголемена за 13%.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и амортизацијата достигна 2.077.934.491 денари, што е раст од 12%, а консолидираната нето-добивка во износ од 1.167.484.742 денари е зголемена за 15%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-декември 2020 изнесуваат 1.571.226.812 денари, што е за 44% повеќе во однос на истиот период од 2019 година.

Во овој период, во „Алкалоид“ се реализирани 210 нови вработувања. На крајот на декември, во „Алкалоид“ во земјата работат 1.832 луѓе, а во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 560 вработени.

Акциите на „Алкалоид“ котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година. Цената на една акција во 2020 се движеше од 8.354,00 до 13.499,00 денари или просечно, 12.174,86 денари, што претставува раст од 28% во споредба со лани.

Бизнис-планот за 2021 предвидува инвестирање на околу 12% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и нематеријални средства, раст на консолидираните продажби од 7% и раст на консолидираниот профит пред оданочување од 7%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Киппер“ продолжува со експанзијата

07 апр 2021

Министерството за финасии објави Календар на даночната регулатива

07 апр 2021

Во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра

07 апр 2021

„Веро“ ја стартува услугата Vero Drive

07 апр 2021

Отворен е реновираниот „Тинекс“ во Тетово

07 апр 2021

Фирмите кои ќе бидат затворени овие две недели ќе добијат помош

07 апр 2021
Вчитува уште новости...