Македонија

Колку е подготвена Македонија за е-трговија?

22 фев 2021

Македонија е на 52 место од 152 земји опфатени во Извештајот за подготвеноста на земјите да се вклучат во трговијата преку интернет, што го изготвува одделот на Обединетите нации задолжен за трговија и развој (УНКТАД) за 2020 година. 

Од земјите во регионот, за електронска трговија најдобро е подготвена Хрватска која е на високото 25-то место. Следат Словенија на 34 место и Србија на 43 место. Зад нашата земја се Босна и Херцеговина на 70. место, Црна Гора е на 78. место, а најлошо е рангирана Албанија на 86. место.

Освен неколкуте земји од опкружувањето, зад нас на ова рангирање од европските земји се уште Молдавија на 54 место и Турција на 57 место. Исто така, во овој извештај, Македонија има помалку 1,9 индексни поени во однос на претходното рангирање за 2019 година кога беше на 50 место. Најдобро сме рангирани според пристапот до интернет (81 отсто), а најлошо според сигурноста на интернет серверите (54 поени). Според извештајот, во 2017 година 77 отсто од граѓаните кај нас над 15 годишна возраст имале сметки, а според поштенската сигурност оцената е 73.  

Индексот рангира 152 земји во однос на подготвеноста за купување преку Интернет, чија вредност се проценува на 4,4 билиони американски долари во 2018 година, што е за 7 отсто повеќе од претходната година.

Земјите се оценуваат според пристапот до безбедни сервери на Интернет, веродостојноста на поштенските услуги и инфраструктурата и дел од нивната популација што користи Интернет и има сметка кај финансиска институција или давател на услуги за мобилни пари.

Топ 10 земји во извештајот се:

1. Швајцарија

2. Холандија

3. Данска

4. Сингапур

5. Велика Британија

6.Германија

7. Финска

8. Ирска

9. Норвешка

10. Хонг Конг



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен е првиот „Стокомак“ во Радовиш

25 фев 2021

„Жито Лукс“ инвестира во модернизација на производната линија

25 фев 2021

„Лидл“ ќе отвори продавници во Скопје, Штип, Тетово и Охрид?

25 фев 2021

Минатата година БДП со стапка од минус 4,5 отсто

25 фев 2021

„Прилепска пиварница“ оствари добивка и покрај кризата

25 фев 2021

Од денес почнува платниот промет преку „Македонска пошта“

25 фев 2021
Вчитува уште новости...