Македонија

„Киппер“ го отвори 60. маркет

19 фев 2021

На 15 февруари беше отворен новиот „Киппер“, кој е 60. маркет во малопродажната мрежа на хард-дисконтерот.

Новиот маркет е во Куманово, на адреса Страшко Симонов, бр. 34. Се простира на продажна површина од 280 квадратни метри, со дополнителен магацински простор од 30 квадрати. Потрошувачите имаат на располагање 2 наплатни каси, а за услугата се грижат вкупно 9 вработени. Понудата во маркетот ја сочинуваат околу 2.010 артикли и освен редовниот асортиман, има и свежо месо, овошје и зеленчук.

Од менаџментот на компанијата откриваат дека е во план ново отворање во Куманово, но за точната локацијата сѐ не е одлучено.

Шеесетиот „Киппер“ е 4. маркет на нашата компанија во Куманово. Планот за проширување на продажната мрежа во овој град е амбициозен и нема да престанеме тука. Со присуството во кој било регион, град и населба... и со понудата за потрошувачите, овозможуваме најниски цени на пазарот за квалитетни производи. Имаме најдобар однос цена-квалитет од сите конкуренти во трговијата на мало. Со широката понуда, квалитетната услуга и со постојано пријатната шопинг-атмосфера се разликуваме од другите, а главна цел и фокус постојано ни е потрошувачот, изјавија за InStore од „Киппер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен е првиот „Стокомак“ во Радовиш

25 фев 2021

„Жито Лукс“ инвестира во модернизација на производната линија

25 фев 2021

„Лидл“ ќе отвори продавници во Скопје, Штип, Тетово и Охрид?

25 фев 2021

Минатата година БДП со стапка од минус 4,5 отсто

25 фев 2021

„Прилепска пиварница“ оствари добивка и покрај кризата

25 фев 2021

Од денес почнува платниот промет преку „Македонска пошта“

25 фев 2021
Вчитува уште новости...