Skopje Marketing Summit 2022

Климе Мицковски: Growth hacking

20 мај 2022

Поранешниот менаџер за пораст во „Твитер“, Климе Мицковски, која се истакнува со неговите текстови во „Форбс“, „Блумберг“ и на entrepreneur.com, ќе биде говорник на Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација на „Кликер маркетинг“.

Климе е дигитален маркетинг-експерт/хакер за пораст, со долгогодишно искуство во медиумите, дигиталните медиуми и технологијата. Тој е поранешен менаџер за пораст во „Твитер“, кој пишувал текстови за „Форбс“, „Блумберг“ и за entrepreneur.com. Во моментов работи како консултант во одделот за туризам во Абу Даби.

На Skopje Marketing Summit Климе ќе зборува за пристапот до сите видови дигитални податоци, што ќе помогне да се разбере тоа што се случува во компанијата. На тој начин раководството ќе може да ги преземе вистинските чекори во насока на подигнување на свесноста, зголемување на приходот или подобрување на корисничкото искуство во зависност од крајната цел.

Skopje Marketing Summit е настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот ќе се случува онлајн на 2 јуни и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на marketing-summit.mk.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...