Skopje Marketing Summit 2021

Денес се одржува Skopje Marketing Summit - над 700 пријавени учесници

20 мај 2021

Инспиративните презентации на десетте врвни маркетинг-професионалци, се доволна причина денес да го проследите единствениот Skopje Marketing Summit 2021 и заедно да придонесеме за „Преобликување на иднината“.

Во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore, денеска, од 9.30 часот до 15.30 часот, онлајн и во живо, ќе ги слушнeте: Екрем Дупановиќ, оснoвач и уредник на порталите Media Marketing и ART & Business (Босна и Херцеговина); Бранимир Бркљач, искусен почетник, еден од основачите на „Студио Модерна“ (Србија); Лазар Џамиќ, еден од најистакнатите маркетинг и бренд стратези во регионот, екс раководител на секторот за бренд-планирање во Google ZOO, Лондон (Србија); Александра Дилевска, основач на Publicis Groupe, извршен директор на Publicis за Македонија и за Хрватска и оперативен директор за Адриатик Регионот (С. Македонија); Лилиана Каимакан, експерт за иновации, комуникации и деловна стратегија (Англија); Јадранка Накова, искусен маркетинг и комуникациски стратег, (С. Македонија); Лења Фарагуна, маркетинг-стратег и основач на движењето marCareting (Словенија); Данчо Димков, основач и извршен директор на BizzBee Solutions, (С. Македонија); Филип Петровски, основач и извршен директор на Data Masters (С. Македонија) и Дарко Лукиќ, маркетинг-консултант (Србија).

 Skopje Marketing Summit може да го следите на овој линк.

Сè уште имате време да се регистрирате на следниов линк https://marketing-summit.mk/registration/

Голема благодарност за спонзорите на овој настан:

Благодарност и за медиумската поддршка:

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...