FMCG Македонија 2021

7. FMCG Summit Skopje 2021 ќе се одржи на 28 октомври

04 авг 2021

InStore и „Кликер маркетинг“ Ви го најавуваат 7 FMCG Summit Skopje 2021, најголемиот трговски настан во годината.

7 FMCG Summit Skopje 2021 ќе се одржи онлајн, на 28 октомври. Наменет е за трговци, производители, дистрибутери, придружната индустрија и за сите професионалци од секторот на кои им е важно да ги знаат актуелните трендови, да ги прошират своите видици и да ги надградат своите знаења

И оваа година очекувајте ексклузивни и интересни говорници на најактуелните теми, теми кои ќе го предизвикаат и до крај ќе го задржат вашето внимание. За говорниците и за начинот на пријавување, деталите допрва следуваат.  

6 FMCG Summit се одржа на 26 ноември лани, онлајн, со повеќе од 1.500 посетители. Како помина Самитот, кои беа говорници и какви пораки испратија, можете да прочитате тука. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...