10 години

10 години InStore: Афирмација на мали и микро претпријатија

15 апр 2021

Од 2017 година на страниците на магазинот InStore одвоивме простор за промовирање на малите и микро претпријатија кои имаат да понудат интересен, иновативен македонски производ. Целта ни беше да ги поддржиме брендовите кои имаат интересна приказна и потенцијал да се пробијат на пазарот.

А кај нашите граѓани, идеи - мал милион...на страниците на InStore ви ги донесовме приказните на  „Чапе фунги", извозно ориентирана компанија за шумски плодови и за печурки со 30-годишна семејна традиција, слатките мали ремек-дела на „Чоко авиаторс“, намазите од лук на „Сарадис натурал“... Го имавме и слаткото од костени на „Бурса Кестане“, рачно изработените сапуни на „Биоми“, медот на „Маседониан хани“, цедените сокови на „Биомелан“, биоразградливите сламки што се јадат на „Edistraw“, традиционалните колачи на „Васил слат“... Преку рубриката InStory разговаравме со повеќе од 30 мали и микро компании, раскажувајќи ги нивните почетоци и развојот на  македонскиот пазар... Им подадовме рака кога проодуваа, овозможувајќи им да бидат видени и препознаени од нивните потенцијални соработници.

InStore на сите овие компании им посакува да ги остварат целите што ги зацртаа пред себе, и уште долги години да имаме плодна соработка.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...