10 години

10 години InStore - синергија на FMCG-секторот

01 фев 2021

InStore годинава обележува 10 години постоење на македонскиот пазар. Десет години секојдневно споделување на информации, анализи и стручни текстови за FMCG-секторот за компаниите да бидат во чекор со трендовите, иновациите и инвестициите во земјава, регионот и во светот.

Првиот трејд-магазин на македонскиот пазар е „Таргет“, кој првпат излезе во 2011 година. Почетоците не беа нималку лесни. Што поради околностите поврзани со специфичниот начин на работење, дотогаш не толку познат на пазарот; вложувањето енергија за создавање контакти и понуда на квалитетно печатено издание, кога печатените медиуми полека ја губеа силата. Во 2012 година стануваме дел од регионалниот проект – InStore на кој работат 5 земји, 35 вработени и повеќе од 34.500 вкупен тираж.

Денес, InStore претставува комуникациска платформа која едуцира и информира. Алка која ги поврзува производителите, дистрибутерите и трговците не само преку магазинот, туку и преку конференциите, работилниците и другите настани организирани низ годините. 

Визионерските потфати и ентузијазмот и по 10 години се наши карактеристики во креирањето квалитетни содржини и настани што ѝ се потребни на FMCG-индустријата. Секој број е производ на синергијата на нашата и на редакциите на InStore во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Но, тоа не би било доволно доколку ја немавме поддршката од компаните од секторот. Таа ни дава причина да продолжиме со нашата мисија: зачувување на печатеното издание, приспособување на дигитализацијата со понуда на секојдневни, свежи информации, унапредување на концептите на работилниците и самитите... Ни дава сила да бидеме гласот на FMCG-секторот.

2021 година е наша година во која сакаме да се навратиме на сето тоа што е направено досега. Во следните изданија на InStore и на веб-страницата ќе ви понудиме интересни содржини кои ќе ве потсетат на вредноста на она што го правиме и ќе го правиме за вас.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





InStore јубилеј: 10 години едукација за е-продажба

01 фев 2021

Првите интервјуа во првиот „Таргет“

01 фев 2021

Интервју со Даница Личанин-Блажеска од првиот број на „Таргет“

01 фев 2021

Интервју со Кристијан Шарита од вториот број на InStore

01 фев 2021

Интервју со Савка Димитрова од првиот број на „Таргет“

01 фев 2021
Вчитува уште новости...