FMCG Македонија 2020

Поликарп Арсеновски: „Патот до вистинските луѓе“

24 ное 2020

ПОЛИКАРП АРСЕНОВСКИ, основач и генерален менаџер на THRIVITY, ќе биде говорник на 6 FMCG SUMMIT 2020 што ќе се одржи в четврток, на 26 ноември во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Тој ќе зборува на темата "Патот до вистинските луѓе". 

Арсеновски има повеќе од 20 годишно професионално искуство на различни лидерски позиции во McDonalds, Wrigley и Mars, но, исто така, и како претприемач и косопственик. Во јануари 2018 година го основа АПОД со цел да се фокусира на нови искуства, и да го сподели своето знаење и стручност со други организации во регионот. Фокус на АПОД се Луѓето, управување со човечкиот капитал во организацијата и нејзината култура. Во април 2020, АПОД тимот го лансира THRIVITY, online платформа, место каде ЛУЃЕТО И КОМПАНИИТЕ се среќаваат 24/7. Според Поликарп, луѓето не се ,,средство’’, тие се нашиот основен ресурс за успех и оттука, пораката е дека сите ние како лидери имаме обврска да креираме јасна визија за управување на организацијата, да создадеме извонредни услови за работа и да се однесуваме кон луѓето со високо ниво на достоинство и почит.

Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука. 

Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...