FMCG Македонија 2020

Петар Ќорлука на 6 FMCG SUMMIT 2020: Вистинските потези за успех

20 ное 2020

ПЕТАР ЌОРЛУКА, сопственик на компанијата “Виолета“ од Босна и Херцеговина, ќе биде еден од говорниците на 6 FMCG SUMMIT 2020 што ќе се одржи на 26 ноември во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. 

Темата на која ќе зборува е: „Вистинските потези за успех“.  

Петар Ќорлука со сопствен приватен бизнис започнува уште далечната 1990 година, а во 2002 година го активира производството на средства за хигиена. Тогаш го создава и брендот "Виолета". Неговиот рецепт за успех е „да го работиш она што го сакаш и да го правиш тоа подобро од другите“. Водејќи се од ова, за кратко време успева производите со етикета „Виолета“да станат најпрепознатлива марка не само во БиХ, туку и пошироко во земјите од Европа, Блискиот Исток и Азија. Посебна област на интерес на Петар Ќорлука се иновативните технологии во производството и нивната примена, инвестициите во брендот и образованието на вработените. Неговиот фокус е секогаш на создавање на нешто ново и поразлично.

Негува општествено одговорен бизнис долги години, спонзорирајќи спортски клубови, здруженија и натпревари, и тоа особено оние за млади.

Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука. 

Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!  
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...