Актуелно

Бугарија: Се оформи локален млечен гигант

25 јан 2023

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) во Бугарија го одобри спојувањето на две компании за преработка на млеко со грчки сопственици, пренесе Капитал.бг. 

Со тоа, сливенски „Тирбул“ доби одобрение да ја купи пловдивската „Јунајтед млечна компанија“ (ОМК). Аквизицијата е дозволена, иако регулаторот смета дека во некои сегменти зделката може да има влијание врз конкуренцијата.

Договорот создава локален гигант во млечната индустрија со годишен обрт од близу 200 милиони лева. 

Во септември лани беше објавено дека „Тирбул“, која е втора по големина компанија за преработка на млеко во Бугарија, планира да стекне 100 отсто од ОМК, која е лидер на бугарскиот пазар. Сопственици на двете компании се „Хеленик млекарници“ и „Делта фуд“.  Вредноста на трансакцијата не се соопштува, но според „Капитал“ таа е најмалку 80 милиони лева.

Извор: Капитал.бг 

Фото: Лили Тоушек 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...