Актуелно

Пикаса: Ценовни варијации на лебот, од јули до август 2022

21 сеп 2022

Дури во 40 отсто од објавите каде што биле споменати производителите на леб темата била „Ценовно поскапување на леб“, односно во 68 од вкупно 180 објави.

Производителите на леб овој пат се во фокусот на анализата на „Пикаса аналитикс“. Анализирани се податоци добиени во месеците јуни, јули и август 2022 година. Анализата покажува дека ценовното поскапување е високо застапено кај објавите и текстовите во кои се пишува за производителите на леб, а исто така и во реакциите од јавноста.

Податоците на „Пикаса аналитикс“ покажуваат дека меѓу македонските производители на леб, по бројот на реакции од публиката, ова лето најпопуларен бил „Жито лукс“.

По бројот на објави на сопствените канали на социјалните мрежи убедлива предност има Tonus (119 објави), со речиси двојно објави од второрангираната „Фурна Диме“ (62 објави).

И покрај тоа што има само 57 објави на сопствените канали на социјалните мрежи, „Жито лукс“ добил најмногу реакции од јавноста, односно 5.538, што е речиси петпати повеќе од вториот на листата, Tonus.

„Фурна Диме“ и покрај тоа што е второрангирана по бројот на објави на сопствените канали, сепак, добила најмалку реакции од јавноста во споредба со другите три производители на леб, односно само 587 реакции.

Меѓу другите канали во кои спаѓаат и дигиталните медиуми, „Жито лукс“ води по бројот на објави во кои бил споменат, односно дури повеќе од седум пати.

Кога се во прашање реакциите од јавноста, кај дигиталните медиуми и другите социјални канали, „Жито лукс“ повторно предничи со 3.810 реакции пред второрангираниот „Жито Леб“, кој добил 396 реакции од јавноста.

Податоците на „Пикаса аналитикс“ покажуваат дека јавноста повеќе реагира на објавите што производителите на леб ги пласираат преку сопствените канали отколку на објавите кои други канали ги објавуваат за нив. Па така, 277 објави на некој од сопствените канали на производителите на леб добиле 7.999 реакции, наспроти 4.425 реакции на 180 објави од дигитални медиуми и други канали.

На тема „Ценовно поскапување на леб“ биле објавени 180 објави, кои добиле вкупно 4.425 реакции од јавноста.

Дури во 40 отсто од објавите каде што биле споменати производителите на леб темата била „Ценовно поскапување на леб“, односно во 68 од вкупно 180 објави.

Објавите на тема „Ценовно поскапување на леб“, каде што се споменуваат производителите, добиле 43 отсто од реакциите на јавноста, односно 1.917 од вкупно 4.425 реакции.

Темата „Ценовно поскапување“, по бројот на објавите и реакциите, нагло отскокнува во средината на август.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...