Актуелно

Марија Чортан: Трансформација за иднината

09 сеп 2022

Последните две години беа повик за будење на целото човештво и години на голема, историска трансформација.

Марија Чортан, раководител на категоријата нега и боење на косата, дивизија за потрошувачки производи, „Лореал Адриа Балкан“

Како што влегуваме во т.н. „нова нормала“ и се ослободуваме од ковид, јасно е дека климатските промени остануваат еден од најголемите предизвици на денешницата. Овие мегакризи длабоко го променија светот околу нас, вклучувајќи ги и начинот на кој работиме и очекувањата на потрошувачите од целиот свет. Потрошувачите очекуваат брендови и компании со цел. Одржливоста е апсолутен императив, а здравјето е новото богатство!

Компаниите што се препознаени како лидери во заштитата на животната средина, брендовите со чии вредности можат да се идентификуваат потрошувачите, производите кои имаат цел над нивната очигледна употребна вредност ќе опстанат и ќе бидат природен избор на сè поголем број потрошувачи.

Трансформацијата за иднината подразбира одржлив развој и целосна трансформација на сите наши деловни процеси. Исклучително е динамичен, разновиден по активности, но секако најпредизвикувачкиот проект во кој сите компании треба да ги вложат сите свои расположливи ресурси. Покрај деловниот аспект, сметам дека големите и одговорни системи треба да играат важна улога во едукацијата на населението на ова поле, почнувајќи од најмладите, преку потенцијална соработка со образовни институции и еколошки свесни организации.

Утрешните лидери мора да бидат способни да ги зближат луѓето и да ги инспирираат да се чувствуваат како да се дел од решението.

Денес, во Србија, поголемиот дел од населението сè уште не знае како да ги сортира празните пакувања за рециклирање, како да ги подготви за рециклирање, што може, а што не може да се рециклира. Поради вакви и слични сомнежи, многумина се откажуваат уште пред да почнат.

Затоа улогата на големите компании е можеби уште поголема во едукацијата на младата генерација, во креирањето и менувањето на нивните навики. На овој начин создаваме лидери за иднината кои ќе бидат длабоко поврзани со општеството и зачувувањето на животната средина. Утрешните лидери мора да бидат способни да ги зближат луѓето и да ги инспирираат да се чувствуваат како да се дел од решението.

За компаниите, ова претставува поголема обврска да се ангажираат и уште посилно да се поврзат со „надворешниот“ свет – со владите, општеството и заедниците, вклучително и оние што се соочуваат со тешкотии или имаат ограничени ресурси. Од нас се очекува да ја играме нашата улога како еден од повеќекратните актери задолжени за дизајнирање и обликување на иднината. Неизбежно, тоа значи и дека мора да се променат компетенциите и вештините што ни се потребни.

Каде и да сме во вредносниот синџир, во компанијата, во општеството, можеме да донесеме корисен и проект со цел, може да имаме влијание, без разлика на нашата позиција. На овој начин и ние лично стануваме дел од трансформацијата за иднината.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...