Актуелно

„Карфур“ повторно се враќа во Грција

26 јан 2022

Францускиот трговец „Карфур“ најави здружување со „Ритеил & мор“, подружница на „Телејуником“, за повторно да се врати на грчкиот пазар.

Решивме да создадеме нова деловна единица за малопродажба на храна, бидејќи постоеше голема желба за „Карфур“ повторно да биде во Грција, изјави Василис Пападопулос, извршен директор на „Телејуником“.

Ова партнерство ќе овозможи повторно да бидат отворени продавници на „Карфур“ во Грција по речиси десет години. Се очекува првите објекти да бидат отворени на Крит пред летото годинава.

„Карфур“ работеше на овој пазар од 1999 година, кога се здружи со грчката малопродажна групација „Маринопулос“, но ја напушти земјата во 2012 година, продавајќи ги акциите. Причина за тоа беше намалувањето на пазарниот удел поради економската криза во Грција. „Маринопулос“ поднесе барање за стечај во 2016 година, откако акумулира долгови кон доставувачите во вредност од стотици милиони евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...